ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Тетекс триумфално од Гостивар, Кораби и Охрид без голови

Денеска се одиграа два натпревари од предвидените три во Втората лига запад. Кораби против Охрид Лихнидос одиграа без голови, додека Гостивар на домашен терен беше поразен од Тетекс. Требаше да се одигра и мечот Велешта – Силекс, кој вторпат е одложуван, па од тука кратовци ќе го добијат натпреварот со службени 0-3 на „зелена маса“ затоа што домашните по вторпат не обезбедуваат услови за одигрување на мечот.

Тетекс за само четири минути во 29. и во 33-тата минута поведе со 0-2, а потоа Хасан успеа да намали и да донесе неизвенсост. Ајдини донесе и 1-3 за Тетекс, а Скендери во 70. минута со нов гол ја врати неизвесноста на мечот, но на крајот „штофарите“ ги однесоа бодовите.

На дуелот во Дебар, Кораби и Охрид одиграа тврд натпревр во кој немаше голови.

Во саботата Вардар го совлада составот на Кадино со 3-0, а Воска триумфираше над Беса со 2-0.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО

Велешта – Силекс (неодиграна) служ. 0-3

Кораби – Охрид 0-0

Гостивар – Тетекс 2-3

САБОТА:

Воска – Беса 2-0

Вардар – Кадино 3-0

ТАБЕЛА:

  1. Силекс 41
  2. Воска 32
  3. Вардар 29
  4. Тетекс 21
  5. Кораби 20
  6. Гостивар 17
  7. Охрид 15
  8. Велешта 14
  9. Беса 13
  10. Кадино 6

Се вчитува...