ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар до прва второлигашка победа…, Силекс го освои Охрид

Вардар дојде до првата второлигашка победа во својата историја, триумфирајќи со 2-0 против Воска Спорт во 3. коло од Втората лига – Запад.

Црвено-црните поведоа со голот на Никола Наумоски во 41. минута, а Кристијан Костовски во второто полувреме ја запечати победата.

Минимална победа од 0-1 запиша Силекс на гостувањето против Охрид. Кратовци до триумфот дојдоа со голот на Ѓорѓи Танушев во 74. минута.

Беса со головите на Жоглев и Чиљафи во финишот од средбата триумфираше со 0-2 на гостувањето против Гостивар, а Кораби со голот на Един Мерсовски во 50. минута ја победи Велешта.

Тетекс и Кадино одиграа натпревар без победник, 1-1. Иванов во 76. минута донесе водство за Тетекс, но Коцев во 82. минута ги постави конечните 1-1.

РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО

Тетекс – Кадино 1-1

Вардар – Воска Спорт 1-0

Охрид – Силекс 0-1

Гостивар – Беса 0-2

Кораби – Велешта 1-0

Се вчитува...