ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар и Воска победија, остануваат на исто бодовно растојание пред пролетта

Вардар со триумф против Кадино од 3-0 ја заврши првата своја полусезона во историјата во второлигашката конкуренција.

Во 15. коло од Втората лига – Запад, последно есенско, црвено-црните против Кадино триумфираа со головите на Наумоски, Љамчевски и Глишиќ.

Воска спорт славеше против Беса со 2-0 со головите на Христијан Грозданоски во 64. минута и на Бехар Фета во 73. минута од средбата.

Поради лошите временски услови и снежните наноси одложени се натпреварите Велешта – Силекс, Кораби – Охрид и Гостивар – Тетекс, кои ќе се одиграат во вторник (14. декември) од 13 часот.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (15. КОЛО)
Вардар – Кадино 3-0
Воска спорт – Беса 2-0
Кораби – Охрид (14. декември)
Велешта – Силекс (14. декември)
Гостивар – Тетекс (14. декември)

Се вчитува...