ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар потклекна и пред Воска, втор пораз во двете дерби-пресметки

Вардар не успеа да извлече ниту бод во двете директни пресметки со најголемите конкуренти за водечките две места на табелата во Втората лига – Запад. По поразот од Силекс во претходното коло, „вардарци“ денеска во Охрид загубија и од Воска Спорт во директниот дуел за второто место.

Воска славеше со 2-1 со головите на Изаир Емини во 6. минута и Елмир Алији во 43. минута. Трајче Стојковски во 87. минута го постигна почесниот гол за Вардар.

Силекс, пак, продолжува со победничкиот ритам триумфирајќи убедливо со 3-0 против Охрид со два гола на Каланоски и еден на Танушев.

Тетекс славеше со 0-1 на гостувањето против Кадино со голот на Дамјан Масевски уште во 10. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 12. КОЛО

Воска Спорт – Вардар 2-1

Силекс – Охрид 3-0

Кадино – Тетекс 0-1

Беса – Гостивар 1-1

Велешта – Кораби 2-2

Се вчитува...