Гостивар е првата екипа која сезонава успеа да му откине бод на водечкиот Силекс во Втората лига – Запад.
Гостиварци во 7. коло од првенството одиграа без победник (2-2) против кратовци. Силекс поведе со голот на Стојчевски во 19. минут, но Гостивар дојде до пресврт со погодоците на Скендери и Елмази, за да Танушев во 62. минута донесе конечни 2-2.
Вардар, пак, со головите на Дејан Блажевски и Грозданоски дојде до заслужена победа над Охрид.
Убедлив триумф запиша Воска Спорт од 5-0 против Кадино, а Тетекс со головите на Демири, Здравковски и Ајдини триумфираше со 1-3 на гостувањето против Кораби.
РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО
Гостивар – Силекс 2-2
Вардар – Охрид 2-0
Воска Спорт – Кадино 5-0
Кораби – Тетекс 1-3
Велешта – Беса 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА