ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Велешта со пресврт го победи Вардар, Силекс ништо не го запира

Крајно неочекувано Вардар доживеа пораз на гостувањето против Велешта од 2-1 во 4. коло од Втората лига – Запад. Велешта дојде, на тој начин, до првата победа сезонава во второлигашката конкуренција.

Иван Николов во 37.минута донесе водство за „вардарци“ во 37. минута, но потоа во второто полувреме Велешта со двата гола на Даути во 54. минута и Нијаз Лена во 62. минута од пенал дојде до конечната победа.

Силекс, пак, продолжува со максималниот ефект. Кратовци ништо не може да ги запре овој пат победувајќи го Воска Спорт со 2-0 со головите на Каланоски во 1. минута и Танушев во 90. минута.

Тетекс со голот на Нинослав Здравковски во 38. минута го победи на гостувањето тимот на Охрид.

РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО

Велешта – Вардар 2-1

Силекс – Воска Спорт 1-0

Охрид – Тетекс 0-1

Беса – Кораби 1-2

Кадино – Гостивар 0-0

Се вчитува...