ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Воска со пенал славеше во градското дерби со Охрид, минималци и за Силекс и за Вардар

Фудбалерите на Силекс сигурно чекорат кон промоција во Првата македонска фудбалска лига следната сезона. Кратовци денеска славеа на гостувањето кај Кораб со 0-1 во 20. коло од Втората македонска фудбалска лига Запад. Клучниот момент во натпреварот се случи во 55. минута кога Антонио Каланоски донесе три бода за Силекс.

До минимална победа од 0-1 стигна и Воска на гостувањето кај градскиот ривал Охрид. Клучниот момент се случи во 87. минута кога Изаир Емини стрелаше прецизно од пенал. Со минималнио 0-1 славеше и Вардар на гостувањето кај Велешта, а голот за победа го постигна Ерен Парталко во 71. минута.

Во преостанатите два натпревари од 20. рунда Тетекс славеше на гостувањето кај Кадино со 0-4, додека Гостивар и Беса одиграа без голови 0-0.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Гостивар – Беса 0-0

Кадино – Тетекс 0-4

Велешта – Вардар   0-1

Охрид – Воска Спорт  0-1

Кораби – Силекс  0-1

Се вчитува...