Втора „нула“ на Шкупи: Реми и со Стал

Шкупи го запиша и второто реми без голови за време на подготовките во Анталија. На денешната контрола против украинска Стал, чаирчани повторно одиграа 0-0.

Македонскиот состав беше подобар на теренот од Украинците пропуштајќи неколку одлични можности за погодок, пред се на Стојкоски и Јашароски во второто полувреме.

Следната контрола на Шкупи е на 30. јануари против унгарскиот тим Чаквари.

Се вчитува...