Вториот пик на НБА драфтот во „аут“ цела сезона

Вториот пик на овогодинешниот драфт на НБА лигата, Чед Холмгрен поради повреда на лигаментите на стапалото ќе ја пропушти целата сезона, пренесува доброупатениот Адриан Војнаровски.

Кошаркарот на Оклахома одлично ги започна подготовките за дебитантската сезона и очекувањата за истите беа огромни, но забележа повреда на дуел против Леброн Џејмс во подготвителните натпревари. Сепак се претпоставува дека причината за истата е настаната претходно.

Се вчитува...