Вториот стрелец на Бундес-лигата се сели во Лајпциг

Лајпциг обезбеди значаен потпис за наредната сезона откако го договори трансферот на Андре Силва, кој ќе пристигне од редовите на Ајнтрахт Франкфурт за сума од 23 милиони евра. Португалецот беше втор стрелец во Бундес-лигата со 28 погодоци минатата сезона, зад недопирливиот Левандовски со 41 погодок, што беше доволна препорака за Силва да направи мега-трансфер во амбициозниот проект на Лајпциг.

Влијателниот весник „Билд“ тврди дека сите детали се веќе договорени, а Ајнтрахт би можел да заработи и дополнителни 12 милиони евра доколку се активираат неколку бонуси. Што се однесува до самиот фудбалер, Силва ќе потпише четиригодишен договор за плата од четири милиони евра по сезона.

Лајпциг не успеа да ја пополни дупката што се создаде со заминувањето на Тимо Вернер во Челси, откако ниту Шорлот ниту Хванг не ги оправдаа очекувањата. Токму поради ова приоритет за летово беше доведување на нов голгетер, а со ангажманот на Силва тимот на Лајпциг доби проверен голгетер кој воопшто ќе нема потреба за адаптација во Бундес-лигата.

Се вчитува...