Ислами не е повеќе тренер на второлигашот Беса

Бујар Ислами не е повеќе тренер на второлигашот Беса. Ислами и клубот не нашле заеднички јазик околу продолжување на соработката, со што дошло до прекин на истата.

„Фанови и љубители на Беса, ве информираме дека после неколку преговори, не најдовме заеднички јазик околу договор со Бујар Ислами, и нема да соработуваме во пролетниот дел од сезоната. Клубот му се заблагодарува на Ислами и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Ислами исто така се заблагодари на соработката, на раководството и на фудбалерите и му посака на тимот успешна иднина“, се вели во соопштението на клубот.

Ислами во минатото беше тренер и на Ренова.

Се вчитува...