Вучиќ: Ќе објавам колку пари добиле Звезда и Партизан, па ќе видиме кој е пe*ер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека по враќањето од Њујорк во Белград ќе ги објави деталните бројки околу тоа колку пари од државата добивале двата најголеми фудбалски клуба во Србија, Црвена Звезда и Партизан.

„Не би навлегувал во одвратните приказни во кои ја користат државата за да оправдаат неуспех или да величаат успех. По враќањето во Белград, лично ќе излезам со бројките. Огромни суми пари се дадени и во Звезда и во Партизан. Нека види народот колкав пе*ер е Вучиќ и колку пари треба да дадам за да не бидам пе*ер. На многумина ќе им биде непријатно кога ќе излезат сумите. Народот ќе биде фрапиран“ – порача Вучиќ од Њујорк каде што присуствува на Генералното собрание на ООН.

Атуелниот претседател на Србија никогаш не криел дека е навивач на Црвена Звезда и затоа често е цел на напади на навивачите на Партизан, а кај северниот сосед постојано е жешка темата околу тоа дека „црвено-белите“ се државен проект поддржан од политичкиот естаблишмент.

Се вчитува...