Вудс е надвор од животна опасност, но итно е опериран поради скршеници на нозете и колкот (ВИДЕО)

Еден од најголемите голфери на сите времиња Тајгер Вудс во моментов е на операција по тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа денеска.

Сепак, за среќа, според последните информации од медиумите од САД, Вудс е надвор од животна опасност. Има сериозни повреди на нозете, колкот и рацете, но истите не се животозагрозувачки.

Поручник од локалниот уред на шерифот во Калифорнија, потврди дека повредите на Тајгер Вудс не се опасни по живот. Но, повеќе информации ќе има по завршувањето на операцијата.

Се вчитува...