Вујчиќ: Среќен сум што на најдобар можен начин се вратив на терените

По долгата пауза поради повреда, Стефан Вујчиќ на најдобар можен начин се врати на терените, сега во дресот на чаирскиот прволигаш Шкупи.

Во првиот свој натпревар за Шкупи, Вујчиќ го постигна и првиот гол во новиот дрес во ремито (1-1) против украинскиот Черноморец Одеса, потврдувајќи дека ќе биде можеби најголемото засилување за чаирчани во пролетниот дел од шампионатот.

„Навистина сум среќен што конечно се вратив на терените. Се чувствувам одлично, а уште повеќе и поради постигнатиот гол во дресот на Шкупи. Пред мене е многу важна година, верувам дека ќе ги оствариме зацртаните амбициозни цели со Шкупи. Овој тим има голем потенцијал и веќе се чувствува тоа и на теренот за време на овие подготвителни натпревари во Анталија“ – вели Вујчиќ.

Се вчитува...