Вујо го надмудри Рибера, Словенија ја сопре „црвената фурија“

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Во извонреден натпревар водена на крилата на голманот Урх Кастелиц, репрезентацијата на Словенија славеше победа против Шпанија со 31-26 и на „црвената фурија“ и ги замрси сметките за полуфинале на ЕП во Хрватска. По моќното издание во претходното коло кога славеа победа против Македонија, овој пат Шпанците комплетно беа надиграни и заслужено поразени.

Словенците одлично го отворија натпреварот. Сигурната игра во одбраната и инспирираниот Урх Кастелиц кој влезе во составот на местото на Урбан Лесјак, ги исфрлија Шпанците од ритам. По девет минути игра, Шпанија беше во подредена улога, а Словенија водеше со 5-2.

Но, Словенците одново беа на немилост на романскиуте судии Дин и Дину. Трите исклучувања за 12 минути, им оставија простор на Шпанците да ја искористат предноста со играч повеќе на терен и да дојдат до пресврт поведувајќи со 6-8. Но, Словенците не паднаа под притисокот и најдоа начин како да се справат со гранитната одбрана на Шпанија. На шест минути пред крај на првиот дел дојдоа до ново изедначување (10-10). Се одбранија во последните минути, а во последниот напад, Борут Мацковшек постигна атрактивен гол од цепелин за предност на Словенија на полувремето од 13-12.

Во ист ритам, бескомпромисно и во полн налет Словенците го почнаа и второто полувреме. Шпанците се потешко наоѓаа решение во нападот, а избраниците на Веселин Вујовиќ ефектно ја казнуваа секоја грешка на противникот и со фантастична серија поведоа во 36.минута имаа преднсот од 20-15. пред налетот на храбрите слоивенци бодрени од бројните словенечки навивачи, Шпанија воопшто не делуваше толку моќно како во предтходниот дуел со Македонија. Се понервозно делуваше „црвената фурија“ пред инсиприраните „змајчеки“ и од минута во минута се повеќе губеше чекор. веселин Вујовиќ тактички го надмудри Жорди Рибера, а Словенија во последната четвртина влезе со предност од 25-18.

Рибера се обиде со длабока и поагресивна одбрана да ги сопре брзите Словенци, но вечерва Шпанците беа далеку под своето ниво. Дополнителен проблем за шпанската одбрана беше третото исклучување и црвениот картон на Виран Морос на десет минути пред крај. Со три гола во серија, Шпанците успеаја да намалат на 28-25 на пет минути пред крај. Но, Словенците знеја како да ја сочуваат преднсота и на крај славеа заслужена победа.

 Јунак на натпреварот беше голманот на Словенија, Урх Кастелиц кој на крај заврши со 12 одбрани, а најефикасен кај Словенија беше Гашпер Маргуч со пет гола. Кај Шпанија, Феран Соле постигна шест гола, а Гонзало Перез де Варгас запиша 10 одбрани.

Се вчитува...