„Вујо мајсторе“ испиша историја, па најави заминување од клупата на Иран

Веселин Вујовиќ најави заминување од клупата на репрезентацијата на Иран, веднаш по последниот настап на оваа селекција на мундијалот во Полска.

Екс-селекторот на Македонија испиша историја откако ја забележа првата мундијалска победа на Иранците, обезбеди и пласман во наредната фаза, но не криеше дека е разочаран од неисполнетите ветувања на федерацијата.

„Преку глава ми е, овие првенства секогаш многу ме изморуваат. Се чувствувам исцрпено и физичи и психолошки, ми треба одмор. Морам да одморам една седмица, па да седнам со претседателот на федерацијата. Едно теба да се знае. Имаше многу работи што беа ветени, а не беа остварени, целата репрезентација не функционираше онака како што треба“, изјави Вујовиќ.

Се вчитува...