Вујошевиќ по операцијата: Добри луѓе, благодарам за поддршката

Душко Вујошевиќ долго време имаше сериозни здравствени проблеми, поради кои неодамна беше извршен компликуван хируршки зафат во Истанбул. Поранешниот стратег на Партизан и селектор на БиХ се врати назад во Белград, носејќи убави вести околу здравствената состојба.

„Се уште се опоравувам од двете операции кои ги имав под силна анестезија. Она што сакам да го порачам на сите е дека се чувствувам добро и да им се заблагодарам на сите добри луѓе кои ми даваа поддршка во овој период и се интересираа за моето здравје. Додека бев на лечење во Турција до мене стигнуваше позитивна енергија што ми даваше верба дека се ќе се заврши добро и искрено сум благодарен поради тоа“ – изјави Душко Вујошевиќ за српскиот весник „Блиц“.

Се вчитува...