Вујошевиќ за Јокиќ: Да дојде подготвен и мотивиран да игра за Србија, а не да мисли дека не части со своето присуство!

Поранешниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ се осврна главната тема пред настапот на кошаркарскта репрезентација на Србија на ЛОИ 2024, а тоа е секако играњето на Никола Јокиќ кој на два месеци пред Олимписките игри се уште не го потврдил своето учество.

Вујошевиќ смета дека на секого треба да му биде чест што доаѓа да игра за националниот дрес, а не сето тоа да биде на база на молење.

„Јокиќ секако треба да дојде максимално подготвен, мотивиран и во функција на тимот, а не да мисли дека не чести со своето присуство. Само под такви услови би имале шанси за успех, и би бил корисен за тимот“ – вели Вујошевиќ.

Јокиќ, како што е познато, заедно со уште неколку истакнати кошаркари на Србија се одлучија да не играат на Светското првенство, но Србите имаа одличен турнир освојувајќи го сребрениот медал. Сега е најавено играњето на Василије Мициќ, во желбата успешно да се парира на „дрим-тимот“ на САД. Токму учеството на САД во најсилен состав во Париз носи верување дека и Никола Јокиќ ќе се стави во функција на српската репрезентација.

Се вчитува...