Вујовиќ: Алушовски заврши одлична работа, сакам да остане дел од мојот тим

Веселин Вујовиќ по третпат се врати на клупата на Вардар. На прес конференцијата тој напомена дека Стевчо Алушовски има завршено одлична работа минатата сезона и дека би сакал да остане во клубот на Вардар и во неговиот мандат.

Веселин напомена дека сега ќе ја чека одлуката на Стевче, откако јасно испрати покана за соработка до него.

„Алушовски заврши одлична работа сезонава. Јас сакам да остане дел од мојот тим за следната сезона. Сепак, неговата одлука ќе биде последна и јас ќе ја почитувам. Доколку најде друг ангажман и замине во друг тим јас тоа ќе го почитувам. Можам да потврдам дека Владо Недановски останува дел од тренерскиот тим на Вардар“, заклучи Вујовиќ.

Се вчитува...