Вујовиќ со своја оценка: Македонија се растрча, но…

Поранешниот македонски селектор, Веселин Вујовиќ, кој сега е селектор на Словенија, во анализата за „Balkan-handball.com“ ја пофали играта на македонската реопрезентација против Јапонија на стартот од СП. Вујо има пофалба за темпото, но и едно предупредување за македонскиот состав.

Многу интересен натпревар одиграа Македонците и Јапонците. Ми се допадна натпреварот, за разлика од претходно, Македомнците трчаа и играа полетно. Загрижува големиот број на примени голови и покрај тоа што Борко имаше 20 одбрани и беше играч на натпреварот. Кај Македонија повторно се појавува таа варијанта – Лазаров, Ристовски и пикерите, и тука ќе мора нешто да сменат. Тоа е старо оружје на Македонците. Доколку не најдат компензација на лев и на среден бек со поголема ефикаснот, ќе имаат многу проблеми. Ќе треба многу да поправат и во одбраната…“ – истакнува Веселин Вујовиќ во својата анализа на натпреварите од првото коло на СП.

Се вчитува...