Вујовиќ: Данците се однесуваат со мене како со криминалец, никогаш нема да ја водам Хрватска

Селекторот на Иран, Веселин Вујовиќ, го нарече Гидсел „глувче“ по „пресметката“ меѓу Гидсел и Дувњак на мечот со Данска, а го дочекаа лавина реакции од тамошната јавност.

Вујовиќ го критикуваше Гидсел што не му подаде рака на Домагој Дувњак по нивниот дуел на мечот меѓу Данска и Хрватска. Данците го навредуваа, a извадија oд архивите и дел од неговите испади.

„Не очекував ваква реакција кон мене, кон Дувњак, кон хрватската репрезентација. Толку омраза што е неверојатно. Ме третираат како да сум криминалец. Немав намера никого да навредам, но не ми беше јасно дека дете кое штотуку зачекорило во ракометот, без разлика колку е талентирано, може да ја одбие раката на легендата Домагој Дувњак“, вели Вујовиќ.

Тој говореше и за тоа дали би ја презел репрезентацијата на Хрватска.

„Веќе многу пати кажав што мислам за хрватската репрезентација, но подеднакво сум сигурен дека во следните 30 години нема шанси странец да биде селектор на Хрватска. Знаеш како оди. Значи, воопшто не е важно што сакам. Реалноста е нешто сосема друго“.

Се вчитува...