„Вујовиќ е едно големо и скапо промашување“

Веселин Вујовиќ следната сезона најверојатно ќе се врати на клупата на Вардар. Искусниот стратег кој е омилен меѓу скопската публика не доживува исти почести во својот сегашен клуб Борац Бања Лука. Челниците на овој клуб „распукаа“ по Вујо искажувајќи големо разочарување.

„Разочаран сум од Веселин. Тој е едно големо и многу скапо промашување. Многу погрешивме што го ангажиравме. Имаше неверојатни услови за работа, а ние за возврат добивме апсолутно ништо. На крајот се покажа дека ние сме му само попатна станица. Да му помине времето додека се пресели во Скопје“, изјави потпретседателот на клубот, Маринко Умичевиќ. 

Вујовиќ на чело на Вардар беше во периодот од 2006 до 2009 година, како и од 2011 до 2013 година. За тој период три пати ја освојуваше титулата во домашниот шампионат и во купот, а ја освои и првата историска титула во СЕХА лигата во сезоната 2011/2012.

Се вчитува...