Вујовиќ: ЕХФ? Не ме казнија, ама знам дека ќе ми се одмаздат

„Жал ми е за ракометот. Не ни даваат да го живееме“ – вели Веселин Вујовиќ по завршувањето на Европското првенство во Хрватска, во интервјуто за „Спортске новости“. Некогаш најдобриот ракометар во светот сега „го живее“ ракометот од друга позиција како селектор на клупата на Словенија, но со истот тој жар од играчките денови.

Веселин Вујовиќ има што да каже и по завршувањето на ЕП во Хрватска, кое ќе остане запаметено и по она негово застанување на голот да го брани седмерецот и својата репрезентација во дуелот со Германија. Во интервјуто, Вујовиќ се осврнува на тој момент, на вербалниот судир со судиите и со челниците на ЕХФ, без влакно на јазикот. Вујо мајсторе, овој пат не доби казна од ЕХФ за „острите“ изјави, но вели очекува одмазда, кога-тогаш…

Ма да имаа храброст досега веќе ќе го направеа тоа , после се што ни приредија. Но, јас сега знам дека тие мене некаде ќе ми се осветат, ќе најдат некоја причина на клупско ниво да го сторат тоа. Предолго сум во ова за да не се сомневам“– вели Вујовиќ во интервјуто за хрватскиот весник.

И, објаснува дека тешко го поднел сето тоа што се случуваше на натпреварот со Германија.

„Работиме, играме, и на крај се ни земаат. Па ни велат „жалете се“, па ние се жалиме по пет точки и наместо да дојде одговор на тоа, ние добиваме одговор „немате право на жалба“. Тоа не беше грешка, тоа беше намера и тоа ме прави многу тажен. Залудно ми е мене што си ги потрошив нервите, бидејќи ништо нема да се смени, убеден сум во тоа“

Веселин Вујовиќ со својот темперамент тешко се помирува со спорните судиски одлуки и истакнува дека мора да се најде начин да се реши тоа.

„Не знам, мора да се најде некој начин. Ние сега имаме ситуација, кога судиите ќе подигнат рака, да имаме подолг напад отколку што бил дотогаш, тоа е надвор од секоја логика. Не ни даваат да живееме ракомет. Зарем не е смешно мене да ми судат фаул, а за истата работа тебе да не ти свират? Што е тоа…Жал ми е за спортот и за нас што сме во тоа толку години и што сме оставиле нешто, за разлика од овие што одлучуваат…“

Без многу заобиколување, Вујо, за хрватскиот весник го искажува своето видување и својот став и за настапот и петото место на Хрватска на ова ЕП под водство на Лино Червар.

„Оние што се бранат од нешто ќе речат „добро“ и „успех“, оние што разбираат ракомет, ќе речат дека тоа е неуспех. Дали вредите повеќе. Според мене, секако да. Од моментот кога дојде на чело на репрезентацијата, Лино Червар го немаше на располагање Домагој Дувњак. Го немаше за да може околу него да го гради концептот. Најмалку ги сакам коментарите после битка, кога некои тврдат „не требаше да го оптоварува, требаше да бидеме помудри“. Секогаш сум ги почитувал само оние што пред да се случи нешто, имаат свое мислење и подготвени се да застанат зад тоа пред било кого, па макар да е тоа и погрешно. Лино се врати поради медалот, не успеа да го одработи техничко-тактичкиот дел, а во таа ситуација недостасуваше и храброст нешто да се смени. Тоа е ризик, но без ризик не се победува“ – вели Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...