Вујовиќ: Изборите завршија, можни се нови засилувања во јануари

По одличниот почеток на сезоната и тритте кола без пораз, Вардар бележи пад на формата која се отслика со четири порази едно по друго. „Црвено-црните“ загубија од Монпелје, Алборг, Кил и Сегед, а во полза двократниот европски шампион не одат ниту повредите кои се нанижаа во последно време.

Во тој поглед предводникот на вардарци, Веселин Вуковиќ на денешната прес-конференција во пресрет дуелот со Сегед в четврток не ја исклучи можноста за нови засилувања за јануари.

„Изборите променија многу работи. Не затоа што Вардар е на некоја страна, но во такви услови не може да се повлечат конци. Имаме желба за некои играчи и доколку финансиската конструкција биде затворена како што треба, ќе донесеме во јануари некои играчи“, изјави црногорскиот стратег.

Се вчитува...