Вујовиќ: Мораме да го добиеме натпреварот против ППД Загреб

Ракометарите на Вардар утревечер ќе му гостуваат на хрватскиот шампион ППД Загреб во еден од клучните мечеви во групната фаза во Лигата на шампионите. По серијата од шест порази со победа на овој меч „црвено-црните“ ќе бидат чекор поблиску до пласман во нок-аут фазата.

Тренерот на „вардарци“ Веселин Вујовиќ вели дека ова ќе биде меч кој и тие, но и „плинарите“ едноставно ќе мора да го добијат.

„Нe очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ… Младите играчи навистина многу напредуваат, тука се Црнак, Радица, Вистороп. Ќе биде навистина тежок натпревар, доаѓаме и двата тима од некои позитивни ситуации, тие одиграа одлично во Монпелје, ние во Кил. Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето. Мислам дека Вардар ја подигна играта. Мислам дека Вардар се крена, дека Вардар игра добро и дека дојдовме до противници кои се, реално, близу нашиот квалитет, Загреб, Мешков, Елверум и дека во продолжението од сезоната ќе извлечеме добар резултат и ќе го ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда“, изјави Вујовиќ.

Дуелот меѓу ППД ЗАгреб и Вардар е закажан за утре во 20.45 часот.

Се вчитува...