Вујовиќ: Ни треба нов среден бек, но на пазарот не гледаме играч што би ни помогнал

Веселин Вујовиќ е свесен дека на играчкиот кадар му е потребно освежување, пред се на бековската позиција за организација на нападите.

Црногорскиот стратег го потенцираше почетокот на второто полувреме и грешката на Нијокас како една од клучните причини за поразот.

„Јас искрено не можам да разберам како може некои играчи да не шутираат кога се донесени да ги земат тие шутеви, или да не го играат она што тренерот го бара од нив. Ситуацијата е јасна, или ќе покажат многу повеќе или ќе си заминат од клубот. Видете што се случува, имавме „плус три“ и знаевме дека мораме што подолго да ја задржиме предноста, имаме напад за плус четири и точно нацртан план како треба да нападнеме преку Нијокас. Излегуваме на терен и тој го прави токму спротивното, ја губиме топката и наместо четири гола предност Кил почнува да се враќа. Реалноста е таа, повторно ни се случува да имаме проблем во нападот. Свесни сме дека ни треба нов среден бек, но исто така и на пазарот не гледаме играч што би ни помогнал и веднаш би направил разлика“, изјави Вујовиќ.

Се вчитува...