Вујовиќ: За добар мак-ракомет неопходни се силен Металург и силен Пелистер

Тренерот на Железничар, Веселин Вујовиќ, вечерва се радуваше на победа над Металург, но поранешниот стратег на Вардар не беше најзадоволен од залагањето на својот тим.

„Искрено, гледам дека и моите играчи и оние на Металург се фокусираат на домашните лиги што лично не ми се допаѓа, бидејќи моја филозофија е дека на секој натпревар мора да се дава максимумот и да се оди на победа. Денеска имавме осцилации во играта, но сметам дека на крајот заслужено стигнавме до победата. Иако порано бев тренер на Вардар, искрено му посакувам на Металург уште повеќе да напредува во периодот што следи. Јас му посакувам се најдобро на македонскиот ракомет, а за квалитетен мак-ракомет неопходни се силен Металург, како и силен Пелистер“ – изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по мечот во Ниш.

Се вчитува...