Вујовиќ за Шпрем: Голем човек не се станува со плукање на други…

Веселин Вујовиќ неочекувано се најде во центарот на вниманието на хрватската спортска јавност откако беше жестоко критикуван од поранешниот репрезентативец Горан Шрем. Поранешниот член на „коцкестите“ го нарече Вујо Мајсторе – „маргинален лик во хрватскиот ракомет“, оценувајќи дека „неговото ракометно знаење e еднакво на нула“.

Не се чекаше премногу на одговор на Вујовиќ, кој во изјава за „Индекс“ не го криеше изненадувањето од ваквиот коментар на поранешниот крилен ракометар.

„Не знам што е причината. Јас Горан Шпрем го знам како еден одличен играч кој бил дел од историските резултати на хрватската репрезентација. Лично се имаме сретнато двапати во животот, си имаме кажано „добар ден“ и тоа е тоа. Не знам каков човек е и не сакам да коментирам, но не знам како може тој така да говори за мене кога воопшто не ме познава, ниту пак има соработувано со мене. Немам што да му одговорам, мислам дека треба да е доволно паметен за да се знае дека голем човек не се станува со плукање по други луѓе“, истакна Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...