Вулверхемптон го мерка Енис Барди како замена за Рубен Невеш

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон гледа кон македонскиот репрезентативец Енис Барди како евентуална замена за Рубен Невеш, португалскиот играч за врска кој е пред трансфер во еден од двата гиганта од Манчестер. Менаџерот Нуњо Еспирито Санто сака да има квалитетна замена во средниот ред, а на неговата листа на желби се наоѓа и Енис Барди. Доколку Невеш замине до крајот на зимскиот преоден рок, можно е многу брзо да следи и акција за ангажман на Барди на стадионот „Молино“.

Според медиумите на Островот, Вулверхемптон е подготвен да плати 18 милиони фунти за новото засилување од средниот ред. Ова се вклопува и во можноста да биде ангажиран Енис Барди, чија отштетна клаузула во Леванте изнесува 25 милиони евра.

За Барди интерес покажаа и Фулам и Њукасл.

 

Се вчитува...