Вотфорд со неверојатен пресврт до финале на ФА купот на Англија

Вотфорд е вториот финалист во ФА купот на Англија и ќе ги одмери силите против Манчестер Сити. Со неверојатен пресврт, по продолженија, фудбалерите на Вотфорд го совладаа Вулверхемптон со 3-2 и обезбедија финална пресметка против актуелниот првак Манчестер сити во најстарото натпреварување. До 79.минута, овој тим имаше негатива од 0-2.

Мат Доерти во 36.минута донесе водство за Вулверхемптон, а Раул Хименез во 63.минута зголеми на 2-0. Сепак, Жерар Делофеу во 79.минута даде шанса за Вотфорд да се врати, а Трој Дини од пенал израмни во третата минута од судиското продолжение во регуларниот дел. Победничкиот гол повторно беше дело на Жерар Делофеу во 104.минута од мечот.

Се вчитува...