За Бабиќ веќе нема спас: Сега не е време да говорам дали си одам или останувам

Жељко Бабиќ ќе го води Еурофарм Пелистер на преостанатите две средби од плејофот, но веќе е јасно дека Хрватот на крајот од сезонава ќе си замине од клупата на битолскиот клуб.

Тој пристигна најавен како предводник на супер-проект, го крена тимот на едно повисоко ниво, но потфрли кога беше најважно, во клучните битки за трофеи со Вардар.

„Сега не е време да говорам дали си одам или останувам. Ако сакате да зборувам за натпреварот и она што се случуваше на теренот, може да разговараме“, кратко изјави Бабиќ по денешниот пораз, што го остави Хрватот без позначаен трофеј (титула или Куп на Македонија) на чело на „пелистерци“.

Со оглед на слободата што ја имаше во работата, но и неисполнетите очекувања на управата, јасно е дека „пелистерци“ ќе му се заблагодарат за соработката и во следната сезона ќе тргнат со нов тренер.

Се вчитува...