За дебаклот од Лех, Наџи Шенсои си плати цех

Европскиот настап на Пелистер излезе кобен за тренерот Наџи Шенсои. Тој од денеска не е веќе тренер на битолскиот прволигаш, откако постигна спогодбен раскин на договорот со раководството на Пелистер.

По дебаклот што “зелените” го имаа во двата дуели со полскиот претставник Лех Познањ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, дојде и до смена на кормилото. Пелистер на гости во Полска загуби со 4-0, а и во Струмица беше убедливо поразен, со 0-3. Можеби на раководството не му се допадна ставот на Шенсои, кој истакна дека Лех е многу поквалитетен и затоа и не се поставуваат дилеми околу заслужениот пласман во следната рунда од ова европско натпреварување.

Во најбрз можен рок се очекува именување  на нов шеф на стручниoт штаб во редовите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

Се вчитува...