За допингот нема граници – 60-годишен атлетичар доби четиригодишна суспензија!

Американската антидопинг агенција (УСАДА)  суспендираа 60-годишен атлетичар поради допинг. Неговото име е Скот Мекферсон, има 60 години и доби четиригодишна суспензија поради употреба на недозволени стимулативни средства.

Американецот е сениорски првак во две атлетски дисциплини на средни патеки – во брзо одење на еден и на три километри.

На Макферсон ќе му бидат одземени титулите и ќе мора да ги врати медалите бидејќи во примерокот од урината му е пронајден аналички стероид. Комисијата на УСАДА брзо реагираше и на ветеранот веднаш му додели четиригодишна суспензија.

Се вчитува...