За Гранде Пандев годините се само бројка…Веднаш стрелаше за Џенова и во новата сезона (ВИДЕО)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев на фантастичен начин ја отвори новата сезона во Серија А. Тој е стартер во дресот на Џенова и по само десет минути се запиша во листата на стрелци.

Пандев на свој начин изведе магија. Доби топка по десната страна, ја избегна офсајд замката, се втурна кон голот на Кротоне и со лоб удар магично ја затресе мрежата на гостите. Со овој погодок на Пандев, Џенова обезбеди водство од 2-0.

 

Се вчитува...