За крај – спектакл: Скопје ги поздрави своите спортски херои

Со години трае ракометната бајка на Вардар, која својот крај по се изгледа ќе го има на почетокот од месец јуни во „Ланксес Арена“ во Келн. Вечерва се играше последниот европски натпревар во СЦ „Јане Сандански“, а „вардарци“ знаеја како да возвратат за поддршката што ја добиваа од трибините во сите изминати години.

Најдоа сили проблемите да ги претворат во дополнителна мотивација, па го одиграа еден од своите најдобри натпревари во последните сезони. Финишот беше фуриозен, Сегед изгоре во „скопскиот пекол“, па третиот фајналфор во низа е на дофат.

А публиката, собрана од Скопје и од различни делови на Македонија, возврати на најдобар можен начин. Од утре сите наредни натпревари во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат само бледа слика од денешниот, но како утеха останува што печатот беше оставен со стил, со „плус осум“ против актуелниот првак на Унгарија.

Се вчитува...