За Лигата на Европа на ЕХФ, Кузмановски е повеќе од ѕвезда – тој е играч со аура (Видео)

Екипата на Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа на ЕХФ, а една од ѕвездите на натпреварувањето ќе биде македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски.

Медиа тимот на Лигата на Европа на ЕХФ, на социјалните мрежи објави видеа од негови голови од минатата сезона од Лигата на шампионите со кое ги потсетува ракометните фанови дека Кузмановски е голема ракометна ѕвезда и го најави како играч со аура.

 

 

Игрите на Кузмановски на стартот од сезоната во целост ги оправдуваат најавите од ЕХФ, тој на стартот од регионалната лига во победата над Партизан (35:31) учествуваше со дури 15 гола, а на Ловќен исто така во регионалната лига му даде 14 гола.

Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа на ЕХФ ќе биде дел од групата Г заедно со Гумерсбах, Логроњо ла Риоха и Гдањск.

Се вчитува...