ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Барселона стигна до бројката „100“ против Реал Мадрид

Барселона е на чекор до враќање на титулата во шпанската Ла лига во Каталонија, откако синоќа со победата на домашен терен на „Камп ноу“ со 2-1 во „Ел-класико“ против Реал Мадрид побегна на 12 бода на првенствената табела.

Ова за каталонскиот гигант беше вкупно 100 победа против големиот ривал. Реал Мадрид има убедливо најмногу порази против најголемиот ривал, додека далеку на второто место со 76 победи е Атлетик Билбао.

 

 

Се вчитува...