„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Четири промени кои Рагник веднаш ги воведе во Јунајтед

Ралф Рагник со победа од 1-0 над Кристал Палас го почна мандатот на клупата на Манчестер јунајтед. Уште на првиот натпревар се виде голема разлика во играта на „црвените-ѓаволи“ и познатиот „гегенпресинг“ кој Германецот го игра во сите клубови кои ги водел.

Во продолжение ќе ви ги претставиме четирите промени кои ги воведе

НАПАЃАЧКИ ФУЛБЕКОВИ 

Рагник стартуваше со Далот и Телјеш на бековските позиции на сметка на Шо и Ван Бисака и тимот веднаш беше далеку поопасен во нападот. Двајцата многу често играа како крила, а тоа резултираше „црвените-ѓаволи“ да бидат далеку поопасни во нападот.

ВИСОК ПРЕСИНГ НА РОНАЛДО 

Кога Рагник потпиша во јунајтед веднаш се постави прашањето колку ќе може Роналдо да се снајде во неговиот фудбал. Само неколку дена подоцна се покажа дека Португалецот и тоа како може да биде корисен играјќи висок пресинг.

НЕПОСТЕЧКИ БРУНО 

Со новата формација на Рагник, дефинитивно најмногу ќе пати Бруно Фернандеш. Поради офанзивноста на бековите и помошта на Рашфорд и Санчо, Португалецот некако се изгуби на теренот. Не ја играше својата препознатлива игра и не беше фудбалерот кој создава најмногу проблеми на противничката одбрана.

ФЛЕКСИБИЛЕН НАПАД 

Тоа што Бруно Фернандеш беше во втор план дојде позитивно за Рашфорд и Санчо. Англискиот пар доби голема слобода и на одличен начин му се одолжи на Рагник за тоа. Двајцата репрезентативци на Англија одиграа одличен меч во кој веројатно беа и најдобрите поединци на теренот.

Се вчитува...