„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Дејан Кулушевски во одбрано друштво во Премиер-лигата

Тотенхем првпат по 2019 година заврши ден во Премиер-лигата на едно од првите четири места на табелата, откако синоќа го декласираше Њукасл со убедливи 5-1.

Асистент на еден од головите за клубот од Лондон, беше Швеѓанецот Дејан Кулушевски кој стигна до бројката од пет асистенции во десет натпревари во Премиер-лигата по неговото доаѓа од Јувентус во јануари.

Со тоа тој стана само третиот играч до 21 година кој успеал да запише пет асистенции во првите десет натпревари. Претходно тоа им успеа само на Арјен Робен и Ли Шарп кои стигнаа до бројката од шест асистенции.

 

Се вчитува...