ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Долга традиција и рекорд срушени на дуелот Германија – Италија

Фудбалската репрезентација на Германија, му нанесе тежок пораз на европскиот првак Италија победувајќи го со 5-2. Германците по 70 минути игра имаа 5-0 со головите на Кимих, Гундоган, Милер и два гола на Вернер, но „азурите“ во финишот постигнаа два гола и така го ублажија поразот.

„Панцирите“ на тој начин станаа првата репрезентација после Југославија која им дала пет гола на Италијанците. Последниот пат бившата држава успеала во 1957 година кога ја добија Италија со 6-1. Доколку останеше 5-0, тоа ќе беше најубедливиот пораз на Италија во историјата.

Рекорд падна на овој натпревар. Стрелец на еден од головите на италијанската селекција беше Вилфрид Гнонта, што го направи најмладиот стрелец во историјата на националниот тим. Тој во средата имаше 18 години и 222 денови, со што го обори рекордото на Бруно Никола кој во 1958 година со 18 години и 258 дена даде гол против Франција.

Се вчитува...