ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Емполи има вистински „бисер“ во своите редови

Фудбалерите на Емполи приредија вистинска сензација откако славеа на гостувањето на „Џузепе Меаца“ против Интер со 0-1 во последниот натпревар од 19. рунда во италијанската Серија А.

Стрелец на победничкиот погодок беше 19-годишниот Томазо Балданци, за кој големите клубови и тоа како ќе одвојат средства во следниот преоден рок. Балданци со овој погодок стана третиот најмлад фудбалер со четири или повеќе голови во топ 5 лигите во Европа сезонава. Помлади од него со четири или повеќе гола се само двајцата фудбалери на Борусија Дортмунд Џад Белингем и Јусуфа Моукоко.

 

 

Се вчитува...