ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Гризман е спасителот на Атлетико

Играчот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман игра во страшна форма. Тој вчера на дуелот со Елче, ја донесе победата на својот тим со две асистенции до своите соиграчи Феликс и Мората.

Французинот учествуваше во акциите на осумте од последните 11 голови на Атлетико Мадрид во Ла Лига. Во осумте меча, тој постигна три гола и имаше пет асистенции.

Добрата форма Гризман ја имаше и за време на Мундијалот во Катар, каде што беше еден од заслужните за стигнувањето во финале на Франција. И после Светското првенство продолжува со добрата форма.

Во 15 одиграни мечеви сезонава, Гризман има пет гола и пет асистенции. Токму Гризман е човекот кој може да ја спаси сезоната на Атлетико, со оглед дека тимот веќе заостанува од врвот во Ла Лига, а испадна и од Лигата на шампионите и нема да игра во Европа во пролетниот дел.

Се вчитува...