„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Италијанските клубови си имаат големи проблеми со Англичаните

Фудбалерите на Рома одиграа реми 1-1 на гостувањето кај Лестер сити во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во новоформираното натпреварување на европската фудбалска федерација (УЕФА), Конференциската лига.

Иако имаа водство од 0-1 избраниците на Жозе Мурињо на крај одиграа нерешено, а покрај укинување на голот во гости ќе немаат никаква предност на реваншот во Рим. Интересен е податокот дека со ова реми италијанските клубови се уште немаат победа на гости кај англиски клуб, а ова беше вкупно 14 таков натпревар.

Досега девет пати беа поразени, а пет натпревари завршија без победник.

Се вчитува...