ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Јокиќ во уште една категорија го надмина Чембрлејн

Лидерот во Западната конференција во НБА лигата Денвер Нагетс објави ново достигнување на Никола Јокиќ, кој во уште една категорија го престигна легендарниот Вилт Чембрлејн.

Никола Јокиќ стигна до својот 20. трипл-дабл во сезона во која шутираше најмалку 60 проценти од поле. Воопшто не е лесно да се постигне, бидејќи е исклучително висок процент, а Вилт Чембрлејн досега имаше 19 вакви настапи во сезоната.

Во тековната сезона Јокиќ оствари 28 трипл-дабл учинока, а не планира да застане тука, бидејќи Денвер има уште натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната во кој сака да го потврди првото место на Западот.

Се вчитува...