„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Карим Бензема „господин 100“

Реал Мадрид славеше со 4-1 против Реал Сосиедад во 27. коло од шпанската Ла лига. Со оваа победа „кралевите“ направија уште еден чекор до титулата сезонава во шпанскиот шампионат.

Карим Бензема беше асистент на вториот гол на тимот од „Сантијаго Бернабеу“ кој беш вистинска велемајсторија на Лука Модриќ.

Со овој гол францускиот интернационалец стана само третиот фудбалер во елитната лига во Шпанија кој во 21. век стигнал до 100 асистенции.

Претходно, тоа им успеа само на Лионел Меси кој е убедливо на врвот со 192 и Дани Алвес кој во моментов има 103 асистенции.

 

 

Се вчитува...