„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Луис Суарез влезе во историјата на Ла Лига

Дербито на осмото коло во шпанското првенство помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона им припадна на домаќините кои со двата гола во првото полувреме славеа над каталонскиот тим. Мечот го отвори Лемар во 23. минута, а конечниот резултат го постави Суарез во 44. минута.

Со овој гол уругвајскиот интернационалец влезе во историјата на шпанското првенство како еден од малкуте играчи кои успеале да постигнат гол против 31. екипа. Суарез на Пиринејскиот полуостров настапува од 2014 година, прво во дресот на Барселона, а од пред една сезона и за Атлетико Мадрид, период во кој постигна 174 гола.

Покрај Суарез и Атлетико Мадрид вчера се запиша во историјата на Ла Лига откако трет натпревар по пред против Барселона успева да ја сочува мрежата недопрена.

Се вчитува...