„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Нападот на Карло Анчелтои најдобар во последните 34 години

Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти блеска на теренот. „Кралскиот клуб“ по шест одиграни кола во Ла Лига се наоѓа на врвот на табелата со скор од пет победи и само едно реми, а притоа нападот на „белите“ е извонреден.

Мадридскиот клуб оваа сезона постигна дури 21 гол во противничката мрежа, што е за 10 гола повеќе од првиот „следбеник“ Валенсија. Тоа воедно е и најдобриот напаѓачки почеток на тимот по сезоната 1987/88 кога беа постигнати 26 гола.

Се вчитува...