ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Навивачите на Наполи ова не го доживеаја ниту во времето на Марадона

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи успеаја да се пласираат во четвртфиналето во годинашното издание во Лигата на шампионите откако во осминафиналниот двомеч рутински го елиминираа германскиот Бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт.

Ова за клубот од Неапол е прв пласман меѓу осумте најдобри во историјата во елитното европско натпреварување. Елмас и соиграчите испишаа историја и успеаја да направат нешто што на клубот не му успеа ниту во златните времиња кога дел од тимот беше и големиот Диего Армандо Марадона.

 

 

Се вчитува...