„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ниту еден тим не е поголем „губитник“ годинава од Леванте

Леванте од кој е дел и македонскиот репрезентативец Енис Барди годинава има големи проблеми во шпанската Ла лига и како тече досега сезоната е прв фаворит за испаѓање во сегунда на крајот на сезоната.

Иако е далеку од идеално, тимот од Валенсија има потенцијал, но едноставно како одминува мечот фудбалерите се губат на теренот и најчесто прокоцкуваат се што ќе направат добро на стартот.

Имено Барди и другарите годинава имаат изгубено вкупно 18 бода во Ла лига, што значи дека на сите овие натпревари имале предност или поволен резултат, а на крајот најчесто губеле. Полоша во топ 5 лигите во Европа е само Троја која има изгубено 20 поени.

 

 

Се вчитува...