Сезона за заборав има екипата на Ливерпул во Премиерлигата. Актуелниот првак никогаш не одиграл вака мизерно, особено во одбраната. Синоќа избраниците на Арне Слот примија четири голови од Астон Вила, а влегоа во серија од три меча без победа, и сега им виси настапот во Лигата на шампионите, доколку Борнмут успее да го изненади Манчестер Сити, и може да му се доближи пред последното коло во англиската „елита“.
Дека одбраната на Ливерпул оваа сезона е под нивото, покажува фактот дека „црвените“ примија најмногу голови откако се натпреваруваат во Премиерлигата во една сезона. Тие за првпат ја надминаа бројката до 50 голови, односно имаат примено 52 гола во 37 натпревари, што и дефинитивно ќе биде ова нивната најлоша сезона.
Затоа од таборот на тимот од Енфилд најавуваат ремонт во летниот преоден рок. Особено ќе се засилува одбраната на тимот, која се покажа како многу ранлива сезонава, и можеби тоа е „вината“ што Ливерпул беше далеку од одрана на трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
